Европскиот суд за правда денеска одлучи во корист на Гугл против ЕУ во предметот „право на заборав“, пракса воведена од европските власти во 2014 година.
Предметот датира од пред три години, кога Гугл се обрати пред Европскиот суд за правда со цел оспорување на казна од француската комисија за заштита на слободите онлајн. Француската комисија се повикуваше тогаш на европската легислатива за право на заборав на интернет корисниците и го казни Гугл со сто илјади евра затоа што го ограничувал правото на заборав само во европските верзии на пребарувачот.
Европскиот суд за правда оцени дека Гугл бил во право и дека правото на заборав важи само за Европската Унија бидејќи во остатокот од светот не се применува истото законодавство.
Правото на заборав е право на секој европски корисник да побара да бидат избришани податоци за него на интернет.
-Не постои обврска која произлегува од правото на ЕУ да ги избрише референците во сите верзии на пребарувачот, пресуди Луксембуршкиот суд.