(ВИДЕО) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се фокусирани само на одбрана на криминал

Од:

„Единствен интерес на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е да нема правда, да се спасат од одговорност криминалците и тајкуните од редовите на опозициската партија.

Не успеа нивниот обид да пропаднат предметите на СЈО и оттука, нервозата во белиот дворец е се поголема.

Пред граѓаните презедовме одговорност да изградиме силна и независна правна држава и тоа го обезбедуваме“, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Затоа не отстапивме од принципот предметите на СЈО да продолжат, да не ја изгубат иднината, да има одговорност.

СДСМ сака нормален политички дијалог со опозицијата за сите стратешки прашања.

Ние сакаме да обезбедиме принципиелен договор со опозицијата за да се изгласа Законот за ЈО.

Нашиот став е јасен и принципиелен, одговорност мора да има за секој, без разлика на партиска или каква било припадност, но одговорност мора да има и за тајкуните и за функционерите од ВМРО-ДПМНЕ.

Правда и одговорност мора ќе има.

Тоа е важно за државата, за граѓаните, секако и за интеграцијата во Европската Унија“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“