Дамјановски: Куманово ќе биде економски центар

Од:

Во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва на конвенција беше промовирана листата на кандидатите за советници и дел од проектите на кандидатот за градоначалник од СДСМ, Зоран Дамјановски.

Носител на листата е Максим Димитријевски, кој пред присутните рече дека листата на советници е спој на младост и искуство. Во дел од проектите кои ги промовораше кандидатот за градоначалник Зоран Дамјановски е завршување на процесот на гасификација, доизградба на затворениот базен, изградба на градинки и на деловно административен комплекс во центарот на градот.

Она што мора да се истакне е изградбата на економска зона во близина на село Речица. Општината ќе ги преземе сите чекори за инфраструктурно уредување, а на површина од 60-ина хектари предвидено е да има околу 60-ина стопански објекти кои ќе овозможат намалување на бројката на невработените, рече Дамјановски.

Меѓу позначајните проекти кои ги потенцира кандидатот е и изградбата на еколошко-енерегетскиот комплекс, горилница за цврст отпад во Доброшане.

На промоцијата на листата на советници и на проектите присуствуваа потпретседателката на СДСМ, Ана Павловска Данева и лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов.

Кандидатот за градоначалник, Дамјановски попладнето ја посети населбата „Перо Чичо“, каде на граѓаните им вети доизградба на училници во основното училиште „Х.Т.Карпош“, изградба на потпорен ѕид во месноста „Гладно Поле“ и решавање на инфраструктурни проблеми во месноста „Стари Лозја“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ристовски: „Северна“ ќе ја избришеме со изјава за ништовност, не мора да има уставни измени

Александар Тодески

Таравари: Претседателските и парламентарните избори да се одржат во ист термин

Шилегов: Во недела ќе славиме победа на животот во Македонија!

Емир Латифовиќ

Коалиција ВМРО за Македонија: Имаме решение за ГТЦ – ново управување и нови вработувања

Емир Латифовиќ

ВО ЖИВО: Митинг на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата во Кисела Вода

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Спасовски: Победуваме двојно, за Македонија!

Емир Латифовиќ