Помпео им се заблагодари на „блиските пријатели“ во Европа што го обвинија Иран за нападот во Саудиска Арабија

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изрази благодарност до Германија, Франција и Велика Британија, откако трите земји објавија заедничка изјава во која велат дека Иран „сноси одговорност“ за неодамнешниот напад врз нафтената рафинерија во Саудиска Арабија.

– САД им се заблагодаруваат на нашите блиски пријатели, Велика Британија, Франција и Германија, за нивната јасна усогласеност за одговорноста на Иран за военото дејствие против Саудиска Арабија и за неговото влијание врз регионот и светот, напиша Помпео на Твитер и ги повика „сите нации да се вклучат во оваа осуда на иранските активности“.

Во заедничка изјава објавена вчера, европските сојузници ставија јасно до знаење какви се нивните ставови за нападот.

– За нас е јасно дека Иран ја сноси одговорноста за овој напад. Нема друго веродостојно објаснување. Ние ги поддржуваме тековните истраги за утврдување на дополнителни детали, стои во изјавата на трите европски земји.

Техеран ги негира сите обвинувања дека е вмешан во нападот на 14 септември врз рафинеријата на Сауди Арамко. Одговорност за нападот презедоа јеменските бунтовници Хути.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот