Државниот инспекторат постапува по екоинцидентот во Вардар, познат предизвикувачот

Од:

Државниот инспекторат за животна средина денеска изврши вонреден инспекциски надзор во комплексот на поранешна Железарница кај три правни субјекти Макстил А.Д, ЕСМ-Подружница Енергетика, Скопје и Арцелор Митал преземен од Либерти Хаус Груп, поради вчерашното загадување на водите на река Вардар.

Надзорите се вршени од страна на два државни инспектори за животна средина, а во надзорот учествуваше и еден помлад инспектор за животна средина сите од Одделението за инспекциски надзор во животната средина и природата-Скопски регион, се наведува во соопштението на инспекторатот.

Се додава дека за сите овие правни субјекти се изготвени Записници за констатација во инспекциска постапка, направена е фотодокументација, а од страна на субјектите е доставена дополнителна документација за потребите на надзорите.

Од правниот субјект Арцелор Митал преземен од Либерти Хаус Груп, Државниот инспекторат за животна средина беше писмено известен дека еколошкиот инцидент, кој се случи вчера е предизвикан од нивна страна. Во работните простории на компанијата дошло до пукање, при што се случило излевање на материјал измешан со железо и киселина без соодветно да биде третиран во системот за отпадни води и е предизвикано излевање на видно обоена црвеникаво-жолта отпадна вода во река Вардар вчера во утринските часови.

-Сите наводи се констатирани со инспекциски надзор на лице место со Записник за констатација, по што во постапката ќе следи соодветно решение во законскиот рок, а по добивањето на деталниот извештај за причините кои доведоа до инцидентот, ќе се постапи согласно законските прописи и јавноста повторно ќе биде информирана за водењето на понатамошната постапка, се вели во соопштението на Инспекторатот.

Би можело да ве интересира

Посебен режим за камиони, засилени контроли во сообраќајот, вонредни инспекции кај потенцијалните загадувачи – мерки за намалување на загадувањето

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух

Кој е најголем добитник од рудниците: Државата, локалните жители или инвеститорите

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Врховен утврди начелен став дека државата е должна да обезбеди здрава животна средина, непреземањето дејствија е повреда на правата на граѓаните

Возило излета во Вардар во центарот на Скопје