Гимназијалци од Битола со изложба за Првата светска војна гостуваат во Епинал Франција

Од:

Битола и францускиот град Епинал продолжуваат да го негуваат пријателството, a последниот пример е изложбата посветена на Првата светска војна, изработена од учениците од гимназијата Јосип Броз Тито од Битола, која беше отворена во Епинал – Франција, јавува дописникот на МИА.

Битола и Епинал годинава навлегоа во шестата деценија од нивното збратимување. Во таа чест во Епинал – Франција допатува група млади битолчани кои претставија дел од нивната работа за историјата на нивниот град.

Професорот по Историја Илe Трајковски, кој заедно со директорот на гимназијата Јосип Броз Тито од Битола Фани Наумовска ги придружуваа тринаесетте ученици со нивната изложба вели дека таа дозволува да се претстави нашата страна од историјата на Првата светска војна.

– Најчесто слушаме за различните војски кои беа на оваа територија, за страдањата на војниците и воените судири, но многу ретко или скоро никогаш за делот кој е посветен на локалното население, кое дали исто така големи жртви во оваа војна и нацедува да се размислува за создавање на нивно обележје.

Емилија Мицевска една од учесниците во проектот не ја крие гордоста што може да даде свој придонес.

-Затоа што од нашето училиште сме одбрани само тринаесет ученици кои ја претставуваме целата наша општина што е огромна чест за мене и за останатите ученици, вели Мицевска.

Заменик градоначалничката на Битола Емилија Костурски нагласува дека изложбата значи продолжување на долгогодишното пријателство меѓу Епинал и Битола.

– Веќе ја започнавме шестата деценија од ова долго пријателство и ова е убав повод да им порачаме на младите, дека се тие кои треба да го продолжат ова збратимување и почитување меѓу двата града и двете држави, вели Костурски.

Градоначалникот на Епинал Мишел Хајнриш, кој ја виде по прв пат изложбата пред една година во Битола и беше иницијаторот за нејзиното носење во Епинал, е импресиониран од направената работа од страна на младите битолчани и посебно од познавањето на францускиот јазик.

– Бев импресиониран од квалитетот на изложбата која ја раскажува историјата на Источниот фронт. Историја која многу не е позната и за која се зборува многу малку кај нас иако имавме жители од нашиот град кои се бореа таму. Изложбата е за поздравување, бев импресиониран од младите средношколци кои ни ја претставија посебно на француски јазик, Хајнриш.

Изложбата останува во Епинал и веќе е најавено дека таа ќе биде поставена во сите основни и средни училишта во овој француски град.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска