ВМРО-ДПМНЕ: Аферата „Рекет“ го наруши меѓународниот углед на земјата

Од:

„Криминалнта влада на Зоран Заев и СДСМ ја потона Македонија во афери и корупција. Сите светски медиуми наместо за нови достигнувања пишуваат за Македонија како за мека на криминалот, рекетот и корупцијата.

Аферата „Рекет“ која власта се обидува со сите сили да ја заташка со помош на нејзините пипци во ЈО го наруши меѓународниот углед на земјата.

Дополнително аферата Рекет 2, која сега излегува на површина исто така постојат обиди од власта да се минимизира.Властите наместо да реагираат и да го расчистат случајот организираат бледи пресконференции за одбрана на криминалот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Рекет е само кулминација на сиот криминал кој се случува со години во Македонија под водство на Зоран Заев.

Три години нема бизнис кој не е изрекетиран. Јатаците на Заев прават ршум низ Македонија.

Генералниот секретар на владата, Драги Рашковски се уште е на слобода, а има сомнеж за сторен криминал од 1.8 милиони евра.

Истрага нема ниту за сомнителната распределба на пари преку Фондот за иновации, ниту пак за епидемијата на непотизам.

Постојано се појавуваат некој нови криминали.Криминал прави секој функционер на власта, на сите нивоа на истата.

Оваа криминална влада мора час поскоро да си замине. СДСМ мора да си оди. Потребни се предвремени парламентарни избори“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ