Ретроспективна изложба на Реџаи Исени во Чифте амам

Од:

Националната галерија вечер од 20 часот во Чифте амам ќе отвори ретоспективно-монографска изложба на ликовниот уметник Реџаи Исени (1939-2018), на која ќе бидат претставени 40-ина ликовни дела кои авторот ги создавал во различни периоди и техники.

Покрај изложба, ќе биде промовирана и монографија посветена на уметникот со авторски текст на историчарот на уметност Гоце Божурски кој го истражувал ликовениот опус на Исени. Изложбата во Чифте амам ќе биде поставена до 8 октомври.

Реџаи Исени е роден пред 80 години во село Матејче. Во 1958 завршил Учителска школа во Скопје. каде што основите од ликовното образование ги стекнал кај Киро Караџа. Неколку години учителствувал во неколку основни училишта, а потоа продолжил да се надградува на Педагошката академија кај професорот Вангел Коџоман.

-Тука стекнува познавања од класично сликарско образование во знакот на „добрата стара сликарска школа“ која несебично ги пренесувала вештините, совладување на сликарските техники, откривање на „малите тајни на големите мајстори“, владеење на ликовните елементи и нивно натамошно вградување во сопствен ракопис, соопшти Националната галерија.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска