Милтон Кинс треба да стане прв град во Велика Британија кој како и Сингапур ќе забрани да се конзумираат мастики за џвакање.
Секој што ќе биде фатен со гума за џвакање, според предлог законот веднаш ќе биде парично казнет.
Владата на овој чекор беше принудена, откако се утврди дека на секој квадратен метар има фрлено 22 гуми за џвакање.
Заговорниците на оваа забрана укажаа на трошоците од чистењето на мастиките, непријатноста која што ја предизвикуваат кога ќе се залепат на чевлите и лошиот изглед на градот.
Предлогот го дала Афтер8 група на бизнисмени кои ќе лобираат, собранието да ја усвои забраната.
Џвакањето гуми дури 20 година е забрането во Сингапур, но во 2004 година властите направија ислучок за лицата кои имаат лекарски рецепт за никотинските мастики.