Се повреди Вилијан, го чека подолга пауза

Од:

Холандскиот тренер на рускиот премиерлигаш Анжи од Махачкала, Гус Хидинк, откри дека Бразилецот Вилијан, кој зимава дојде од украинскиот Шахтар, го очекува подолга пауза.

Четириесет милиони евра вредното засилување не го заврши првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на Европа против Њукасл и ја напушти играта во 23 минута поради проблеми со задната ложа. Бразилецот се повреди по еден дуел со одбранбениот фудбалер на англискиот премиерлигаш, Јанг-Мбива.

Тоа за Вилијан беа и првите минути во дресот на новиот клуб по трансферот во зимскиот преоден рок од Украина.

„Станува збор за повреда на задната ложа. Не изгледа добро и мислам дека му претстои подолга пауза“ – изјави Хидинк по натпреварот кој заврши без голови.

Вилијан на 31 јануари дојде во Анжи во најскап трансфер во зимскиот преоден рок.

Би можело да ве интересира

Карпин го замени Черчесов за селекторската клупа на Русија

Ана Ололовска

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Голман удрен од гром за време на тренинг

А1он

Русите поднесоа жалба на одлуката за нивна четиригодишна суспензија

ФК Урал го ангажира Јовановски од македонската репрезентација

Ана Ололовска

Шурле на позајмица во Спартак од Москва

Млад фудбалер на Локомотив Москва пронајден мртов

Ана Ололовска