Граѓанските иницијативи „Ние сме Карпош 4“ и „ЕкоКарпош 3,2,1“ преку пост на „Фејсбук“ повикуваат на одбележување на како што велат „Чекањето“ решение за намалување на загадувањето.
„Чекаме решение, чекаме имплементации, интервенции, надлежност за ингеренции. Ќе се намалуваше загадувањето на 50% за 2год, ама се намали само бројот на мерни станици кои го мерат. Па во тој стил на чекање ве повикуваме во сабота на 21.09.2019 од 17ч. и 30 мин на раскарсницата пред Сити Мол, да го одбележиме „Чекањето“ со пречек на трамвајот наречен Желба за почист воздух. Настанот е во склоп на неделата на глобални протести за климатски промени“, повикуваат граѓанските иницијативи „Ние сме Карпош 4“ и „ЕкоКарпош 3,2,1“.