Израелската полиција денеска се судри со палестински верници кај џамијата „Ал Акса“ во стариот дел на Ерусалим, испукувајќи шок бомби за да ги растера верниците кои врз нив фрлале ракети, соопшти полицијата.
Повеќе десетици полицајци влегле во политички чувствителното подрачје, едно од најсветите исламски места, откако неколку стотици учесници на протестот фрлале камења и две запалливи бомби врз нив по пладневната молитва, пренесоа британските медиуми.
Бранот насилство на Западниот Брег во текот на изминатите неколку недели ја зголеми загриженоста во Израел дека може да дојде до нов палестински бунт.
Тензиите се зголемуваат пред посетата на американскиот претседател Барак Обама на Ерусалим и Рамала, кон крајот на месецот, и можното нов придвижување на запренеите мировни преговори.