Бугарија не успеала да спаси 11.000 Евреи од депортација

Од:

Бугарскиот Парламент, по повод одбележувањето на сеќавањето на почетокот на депортацијата на Евериет од пред 70 години, денеска прв пат призна и изрази жалење што оваа земја не успеала да спаси повеќе од 11.000 Евреи од територии под нејзина контрола.

Бугарија, која била сојузник на нацистичка Германија за време на Втората светска војна, ја одби депортацијата на повеќе од 48.000 Евреи, бугарски граѓани, во логорите на смртта, се наведува во декларацијата на Парламентот.

Објективната проценка на историските настани, сепак не може да го отфрли фактот дека 11.343 Евреи се депортирани од Грција и Кралството Југославија, кои тогаш биле под надлежност на Германија, се додава во документот.

– Осудувајќи го тоа злосторство, извршено под команда на Хитлер, изразуваме жалење што бугарската локална управа не била во можност тоа да го спречи, соопшти Парламентот.

Бугарија прв пат ќе го одбележи сеќавањето на сите оние кои биле депортирани и тоа во градот Лом, каде биле извршени првите депортации на небугарски Евреи на 13 март 1943 година, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени