ВМРО-ДПМНЕ: Грижата и заштитата на културното налседство остануваат приоритет

Од:

Грижата и заштитата на културното наследство, поддршката на локалните програми од областа на културата, културните манифестации, унапредувањето на ликовната и галериската дејност, одржувањето и изградба на нови домови на културата, поддршката на драмската, музичко сценската, издавачката и аудио-визулената дејност како на национално така и на локално ниво и натаму ќе бидат наш приоритет и првенствена задача, рече на денешната партиска прес-конференција Елизабета Канческа – Милевска од ВМРО-ДПМНЕ, осврнувајќи се на предвидените активности на локалната самоуправа во секторот.

Нивната реализацијата, нагласи, има за цел да го унапреди културното живеење на граѓаните на општините преку поттикнување и промовирање културни настани во најтесна соработка со ресорното Министерство.

– ВМРО-ДПМНЕ покажа дека е одговорна партија која работи тимски и која изборите ги разбира како можност за презентација на идеи, проекти и мерки пред граѓаните на Република Македонија. Културата е белег на нашето постоење и нераскинлив дел од идентитетот на секој народ. Нејзиниот развој, сочувувањето и негувањето на културните вредности како еден од важните сегменти во работењето на ВМРО-ДПМНЕ, претставува голем предизвик и поттик за што поголемо ангажирање на локалните капацитети и единиците на локалните самоуправи, истакна Канчевска – Милевска.

Таа потсети на возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник, обновата и конзервацијата на повеќето фасади на објекти што се прогласени за заштитено културно наследство во Охрид, заштитата на културното наследство во „Св. Богородица Перивлепта, реконструкцијата на источниот конак на манастирскиот комплекс „Св. Архангел Михаил“ – Варош, Прилеп, реконструкцијата на манастирскиот комплекс „Свето преображение“ во село Зрзе, обновата и конзервацијата на фасади на објекти што се прогласени за заштитено културно наследство во Скопје, изградбата на капитални објекти од областа на културата како новата театарска зграда во Велес, изградбата на Стар театар во Скопје, Музејот на Тоше Преоски во Крушево, Музејот на Македонската борба и зградата на Археолошкиот музеј во Скопје.

– Ги возобновивме и реконструиравме домовите на култура во Кичево, Крива паланка, Кратово и Пробиштип. Продолживме со поддршка на археолошките истражувања во Стоби, Хераклеја, античкиот град Стибера, Чепигово, Прилепско, и уште десетина други локалитети, рече Канческа – Милевска.

Министерството за култура и натаму ќе продолжи со проектите за поддршка на национални и локални културни манифестации кои се од голема важност за културното живеење на граѓаните на Македонија, како и на манифестацијта Топол културен бран со која на најдобар начин се реализира дисперзија на културните случувања од главниот град кон цела Македонија.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

Николоски од Брвеница: Со градоначалникот Илиевски ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти