Дополнителен рок за бесплатно користење место за изборни плакати

Од:

Градот Скопје го продолжува рокот за истакнување изборни плакати за дополнително утврдените кандидати за членови на совет и кандидати за градоначалник на Град Скопје. Продолжувањето е врз основа на Законот за дополнување на Изборниот законик од 26 февруари 2013 година и Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик од 2 март 2013 година.

Дополнителните барања за добивање право на бесплатно користење место за изборни плакати, организаторите на изборна кампања ги доставуваат до администрација на Град Скопје – Сектор за комунални работи, најдоцна до 12 март 2013 година до 15 и 30 часот.

Редоследот на истакнување изборни плакати се определува со жрепка, посебно за секој подносител.

Дополнителното жребување ќе се изврши на 13 март 2013 година во 10 часот, во Град Скопје- Сектор за комунални работи.

Би можело да ве интересира

Брвеница избира градоначалник

Брвеница в недела избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“