Амбасадорот на Саудиска Арабија во Лондон изјави дека е речиси сигурно оти Иран стои зад нападот на нафтената рафинерија на Сауди Арамко.
– Речиси сигурно е дека нападот е извршен со поддршка на Иран, изјави принцот Калиф бин Бандер бин Султан Ал Сауд за Би-Би-Си.
Тој наведе дека Саудиска Арабија не сака да реагира избрзано затоа што нови конфликти се последно нешто што му треба на регионот.
– Истражуваме што се случило. Работиме со нашите партнери во САД, ОН, Велика Британија, како и со сите кои сакаат да помогнат да се открие што се случило, рече тој.
Нафтената рафинерија на Сауди Арамко беше нападната во саботата со дронови и крстосувачки ракети, со што беше намалено производството на нафта за 5,7 барели дневно, што е околу пет отсто од светското производство на нафта.
Одговорноста ја презедоа јеменските бунтовници Хути, кои ги поддржува Иран, но САД тврдат дека нападот бил извршен од Иран.