Седница на Државната изборна комисија

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) попладне ќе одржи отворена седница, на која треба да расправа за Предлог-роковникот за дополнување на роковникот за извршување изборните дејствија за спроведување на претстојните локални  избори.

На дневен ред на седницата се и предлог одлуките за избор на најповолна понуда за јавна набавка на услуги за изработка на интегриран информатички систем на Државната изборна комисија за управување со процесите на локални избори, и за јавната набавка на услуги за печатење на гласачките ливчиња и останат доверлив и недоверлив изборен материјал.

Членовите на ДИК треба да расправаат и за барањата  за акредитации на набљудувачи за локалните избори  и за разрешување на претседател, членови и нивни заменици од  општинските изборни комисии. Меѓу точките на дневниот ред е и пополнување на местата на претходно разрешените претседатели, членови и нивни заменици во општинските изборни комисии.

Би можело да ве интересира

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски

Јадранка Косор: Сплит ќе биде мега победа за ХДЗ