Македонската одбојкарска репрезентација приреди големо изненадување на Европското првенство, откако со 3-1 (по сетови 26-24, 30-28, 19-25, 26-24) ја совлада домашната Словенија и освои три важни бода во трката за место во осминафиналето.
Вчера „црвено-жолтите“ ја победија Белорусија, па Белорусите веќе немаат шанса за пласман во следното коло. Македонскиот тим сега чека помош од Турција, која треба да ги совлада Белорусија и утре Финска, за пласман меѓу 16-те најдобри на Стариот континент.
На историскиот меч со Словенија, Никола Ѓоргиев освои 24 поени, а помош имаше од Александар Љафтов со 17 и Владо Милев со 15.