Трајановски го промовира проектот за проширување на улица „Маџари“

Од:

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Коце Трајановски денеска го презентира проектот за реконструкција и проширување на улицата „Маџари“ во општина Гази Баба.

– Улицата „Маџари“, на потегот од улицата „Методија Андонов-Ченто“ до надвозникот кај автопатот кој оди кон Велес и Куманово, претставува тесно сообраќајно грло во општина Гази Баба. Со овој проект е предвидено улицата да добие четири сообраќајни ленти, како и реконструкција на крстосницата меѓу улиците „Маџари“ и „Антон Попов“ со што ќе се добие поголема проточност во сообраќајот, изјави Трајановски.

Реконструкцијата и проширувањето ќе се одвива фазно. Во првата фаза, како што рече, реконструкцијата ќе се изврши од улицата „Антон Попов“ до улицата „Финска“ бидејќи тука имотно-правните односи се решени. Втората фаза, според Трајановски, ќе се одвива на потегот од улицата „Финска“ до надвозникот, откако ќе се расчистат имотно-правните односи.

Трајановски како клучен за овој регион го наведе и проектот за изградба на фекален колектор во Маџари со кој, смета дека ќе се реши еден децениски проблем на жителите од овој дел од Скопје.

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука