Апелација потврди: 7 доживотни казни затвор и 13 казни од по 40 години затвор за „Диво Насеље“

Од:

Апелацискиот суд во Скопје за „А1он“ потврди дека им ги одбил жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврдил првостепената пресуда за случајот со терористичките напади во Куманово.

Основниот кривичен суд на втори ноември 2017 година изрече седум доживотни затворски казни за обвинетите од кумановското Диво Насеље, на 13 обвинети им изрече единствена затворска казна во траење од 40 години, шестмина се осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица поради немање докази се ослободени од обвиненијата.

Обвинетите што се прогласени за виновни ги сториле кривичните дела тероризам и терористичка организација.

Според пресудата, сега осудените влегле во земјава, се засолниле и во групи се обиделе да се префрлат во Диво Насеље во Куманово, каде што на 9 и 10 мај 20015 извршиле терористички напад, во кој загинаа осум полицајци.

Би можело да ве интересира

Девет години од настаните од „Диво Насеље“

Спасовски: Хероите вечно живеат, ова спомен обележје нека ја пренесе пораката за длабока почит, љубов кон татковината, мир и соживот

Спасовски: Осум години од „Диво насеље“ – Никогаш да не се повтори!

Ана Ололовска

Алтернатива тврди дека мнозинството зависело од ветувањето на Ковачевски за меѓународна истрага за „Монструм“ и „Диво Насеље“

A1on

Шести ден штрајк на осудените за Диво Насеље, бараат подобри услови

Кристијан Ландов

Откриена спомен биста во Брвеница на загинатиот припадник на единицата „Тигар”, Жарко Кузмановски