Сијарто ги критикува плановите на Лајен, за Фронтекс вели дека а патничка агенција

Од:

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто изјави дека не е задоволен со миграциските планови на новоизбраната претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Тој во интервју за германски „Велт“ рече дека предложеното зајакнување на европската агенција за заштита на границите Фронтекс „не е решение“.

– Фронтекс е патничка агенција, рече унгарскиот министер.

Сијарто смета дека државите на надворешните граници на ЕУ исто така мораат дами да ги заштитат тие граници.

Членот на Владата на Виктор Орбан, која остро се противи на миграцијата, ја критикуваше ЕУ затоа што е „без план“ за начинот за соочување со илјадниците мигранти кои доаѓаат во Европа секој месец.

Фон дер Лајен ја презема функцијата претседателка на ЕК во ноември.

Таа сака „нов почеток“ по прашањето за миграцијата и ќе се обиде да постигне договор за дистрибуција на барателите на азил.

Лајен сака Фронтекс најдоцна до 2024 година да има 10.000 вработени, за разлика од претходните цели според кои толку припадници требаше да има до 2027 година.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта