Тимерманс: Мнозинството мигранти во Европа доаѓаат од економски причини

Од:

Потпретседателот на Европската Комисија, Франс Тимерманс, изјави дека шеесет отсто од мигрантите во ЕУ не се бегалци, туку економски мигранти.

Тимерманс во изјавата се повикува на необјавени статистики на Фронтекс, европската гранична агенција.

-Повеќе од половина од луѓето кои сега доаѓаат во Европа доаѓаат од земји за кои може да се претпостави дека немаат причина да бараат бегалски статус, повеќе од половина, 60 отсто, изјави потпретседателот на ЕК за холандската телевизија НОС.

Според него, мнозинството доаѓаат од Тунис и Мароко, а повеќето патуваат преку Турција во обид да стигнат во Европа.

Тимерманс, инаку член на холандските социјалдемократи, смета дека економските мигранти треба да бидат вратени во своите земји, и со тоа да се растерети системот за азил за да може побрзо и поефикасно да им се помогне на политичките бегалци и оние кои бегаат од воени жаришта како Сирија или Јемен.

Доколку бројките на кои се повикува комесарот се точни, медиумите оценуваат дека ова би имало значајно влијание врз дебатите и одлуките на ЕУ во делот на миграциските политики.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани