Претседателот на Русија, Владимир Путин и понуди на Саудиска Арабија руско оружје. Неговата понуда уследи по нападите врз саудиските нафтени постројки.
– Подготвени сме да обезбедиме значителна помош за Саудиска Арабија и земјата би донела мудра државничка одлука како што своевремено направи Иран со купувањето на С-300 и како што турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган направи кога го купи последниот С-400 противвоздушен одбранбен систем од Русија, изјави Путин во Анкара, каде присуствува на трилатералната средба (Турција – Иран – Русија) за Сирија.
– Тој додаде дека таквото оружје би ја заштитила секоја инфраструктурна постројка во Саудиска Арабија.