Суд во Атина ослободи пратеникк на Златна зора од обвинение за напад

Од:

Атински суд го ослободи пратеникот на неофашистичката партија Златна зора Илиас Касидиарис од обвинение за напад.

Касидиарис беше обвинет дека бил дел од петчлена група која во 2007 година нападна студент кој беше претепан и прободен со нож, а му била украдена и личната карта.

Сведок на инцидентот тврдеше дека напаѓачите по инцидентот избегале со автомобилот на Касидиарис.

Пратеникот на Златна зора, кој негираше секаква вмешаност во инцидентот, е ослободен од обвинението поради недоволно докази и постоење сомнеж.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит