Мајкл Мос, новинар од „Њујорк тајмс“ пишува за тоа како и зошто Американците станаа зависни од индустриски обработена храна.
Просечниот Американец годишно јаде 17 килорами сирење, 35 килограми шеќер и половина килограм сол, двојно повеќе од препорачаната доза. Околу 70 отсто од сите калории се внесуваат преку индустриски обработената храна.
Надградуваниот новинар од „Њујорк тајмс“, Мос одлучи да ја подотвори вратата на прехранбената индустрија. Врз основа на разговорот со водечките директори и научниците во неговата книга: „Сол, шеќер маст: како не навлекоа прехранбените гиганти“ пишува за тоа како и зошто Американците станаа зависни од индустриски обработената храна.
Во неговата книга Мос до детали објаснува дека солта, шеќерот и мастите станаа клуч на успехот на индустриски обработената храна, истовремено поттикнувајќи национална епидемија на дебелеење.
Поточно, прехранбената индустрија предизвикува зависност на потрошувачите на ист начин на кој тутунската индустрија ги „навикнала“ пушачите на никотин, тврди американскиот новинар.
Најмногу го изненадило на кој начин сите индустрии ја користат солта.
– Тоа е волшебна состојка со која ги решаваат сите проблеми. Освен за вкус, таа служи и како конзерванс за храната подолго да стои на полиците. Покрај тоа, и ги маскира непосакуваните ароми кои нужно ги има кај обработената храна. Порано сум мислел дека постои само една сол, но тие со тоа манипулираат за секој производ да биде посебен. Постои сол во прав, сол во парчиња, сол со различни адитви. Мене ми е омилена кошер сол, која изгледа како снег, но има форма на пирамиди за рамните страни подобро да се лепат за храната. Таа истовремено три пати побрзо се растворува во устата, па побрзо доаѓа до ефектот кој компаниите го нарекуваат експлозија на вкус, пишува Мос.
Врз основа на обемната истражувачка работа, американскиот новинар заклучи дека еден од клучните принципи во прехранбената индустрија е мозокот да се „измами“ со формулата во која ниту еден вкус нема посебно да доминира.