Лицата кои во детството усвоиле здрави навики на исхрана и телесни активности, имаат помал ризик за срцеви болести, утврдија американски научници.
Истражувачите од Универзитетот од Алабама напоменуваат дека веќе е познато дека процесот на создавање наслаги на ѕидовите на крвните садови може да почне во раното детство.
Атеросклерозата е важен фактор на ризик за срцев и мозочен удар.
Со исхраната и телесната активност, важен фактор за идното здравје на срцето, било и избегнување на изложеноста на пасивно пушење во детството.
Болестите на срцето се водечка причина за смрт во САД, покажуваат податоците од Ценарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).