А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Се зголемува капитацијата на матичните доктори, платите во здравството растат, се укинуваат квотите за лекови

by А1он16/09/2019 - 10:10496
Share0

„Во изминатите 2 години, Владата предводена од СДСМ преку конкретни мерки и политики покажа што значи вистинска грижа за пациентите, за здравствените работници, што значи посветена работа за подобрување на условите во јавните здравствени установи.

Добивај вести на вибер

Од први октомври, се решава деценискиот проблем со недостиг на лекови. Веќе од следниот месец, со укинувањето на квотите за аптеките, лековите стануваат достапни во кој било ден од месецот.

Воведени се три нови инсулини. Дијабетичарите сега имаат обезбедени лекови со сертификат за квалитет, а до пред 2 години, тие добиваа лекови без сертификат за квалитет и без никаков ефект“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Воведовме 5 нови лекови за лицата со ретки болести и зголемен е буџетот за оваа намена.

Со воведување задолжителен шест месечен платен стаж за младите лекари во висина од просечна плата на општ лекар, за првпат, приватните специјализанти се платени за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар.

Посветено работиме на унапредување на условите за работа на здравствените работници.

Постојано ја покачуваме платата на здравствените работници. Најпрвин во септември 2018 година, 19.123 вработени во Јавните здравствени установи добија покачување од 5 отсто.

Во јануари годинава за 10 отсто се покачени платите на докторите специјалисти, за 5 отсто на медицинските сестри, и за 8 отсто на медицинските сестри кои работат во Клиничкиот центар.

Од овој месец следува дополнително зголемување за 5 отсто.

Од први октомври се зголемува и капитацијата на матичните лекари, која пред повеќе од 10 години беше намалена и никогаш не беше достигнато нивото коешто беше претходно.

Покрај зголемувањата на платите, зголемени се коефициентите за исплата на дежурства, ноќен труд и дополнителна работа на здравствените работници.

Донесен е и нов Закон за прекинување на бременоста, со кој волјата на жената ја ставаме на прво место.

Започната е постапката за изградба на нов Клинички центар. 11 години ВМРО-ДПМНЕ ги лажеше граѓаните со нов, модерен Клинички центар, а денес тој станува реалност и најголема гринфилд инвестиција во здравството.

Ова се само дел од реформите во здравството што обезбедуваат поголема грижа за пациентите, подобри услови за работа на лекарите и унапредување на здравствениот систем.

Продолжуваме со реализација на мерките што се во интерес на граѓаните, на лекарите и на здравствениот систем“, соопштуваат од СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Катерина Ѓуровски30/04/2026 - 13:09

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски30/04/2026 - 12:37

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Горан Наумовски29/04/2026 - 13:26

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

Горан Наумовски29/04/2026 - 13:18

(ВИДЕО) Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски29/04/2026 - 12:5429/04/2026 - 12:57

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски28/04/2026 - 11:4528/04/2026 - 12:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто