ЈО поднесе обвинение за ќерката која ја задави мајка си во Карпош

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 46-годишна жена која ја задави мајка си во скопски Карпош, за сторено кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетата по расправија ноќта меѓу 1 и 2 август, при вршење семејно насилство, со насилно задушување ја лишила од живот сопствената 74-годишна мајка.

Од ЈО информираат дека, поради постоење околности кои го оправдуваат стравот дека обвинетата ќе се даде во бегство или дека ќе влијае врз сведоци и ќе се обиде да ги уништи трагите од кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

Би можело да ве интересира

ФБИ му дојавил на МВР: Во Голема Речица уапсени двајца за нелегален онлајн пазар со промет од пола милион долари

80-годишник загина поправајќи трактор

Му се слошило додка возел на патот Кичево-Демир Хисар, излетал од патот и починал

Двајца Романци измамиле скопјанка за сума од околу 300.000 денари

Катерина Ѓуровски

Кривична за кумановец вработен во Управата за имотно-правни работи

Полицаец од Струмица зел 500 евра „за мирно решавање тепачка“