Недостигот од јод негативно влијае на интелигенцијата

Од:

Најновото истражување меѓу бремените жени во Чешка, покажува дека на една петина од нив им недостасува јод, што според експертите се должи на ниската конзумација на морски риби и јодизирана сол.

– Дефицитот на јод во бременоста или на детето во рана возраст може да влијае на слабиот развој на централниот нервен систем и ниската интелигенција, предупредува специјалистката за исхрана Зузана Хлинецка.

Според неа, како што јави дописникот на МИА од Прага, недоволното внесување на јод го ослабува имунитетот и предизвикува повеќе заболувања меѓу кои и канцерогени болести.

Исто така, тоа може да предизвика депресија и пореметувања на плодноста кај двата пола.

Хлинецка додава дека внесувањето на јод, кој го има во морските риби и алги и солта, помага кон целосно здравје на организмот, виталноста на кожата, косата и ноктите и поттикнува подобро согорување на мастите.

Препорачаната количина на јод за возрасен човек, која изнесува 200 микрограми дневно може да се дополнува и со разни препарати кои содржат биолошки активен јод.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска