(ВИДЕО) Стоилковски: ЈО да одговори дали во Рекет се уценувани бизнисмени преку злоупотреба на материјали со малолетници

Од:

„Новинар кои што го обзнани целиот случај Рекет, пред една недела отвори и тема дека „од УБК се украдени компромитирачки снимки на познат скопски бизнисмен со малолетнички“ и потоа „бил убедуван роднината на бизнисменот да плати рекет кај Боки“… со очекување деталите да бидат откриени, односно да се поведе институционална постапка за случајот.

Ова прашање отвора повеќе дилеми, кој тоа изнесувал податоци од УБК, Кој тоа се бил дел од рекетот, кој и дали бизнисмен имал компромитирачки материјали со малолетнички, и низа други многу сериозни прашања. Прашања коишто отвораат и дилеми за злоупотреби на функции и на институции, и криминал и рекетирање, и најстрашно, злоупотреба на малолетници!“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„До толку повеќе што имајќи предвид дека, ако е точно, институциите имале сознанија за последното, за злоупотреба на малолетници, наместо да реагираат, снимката била употребена за рекетирање на бизнисмени, а тогаш целиот систем на власта, и правен и морален, е колабиран!

Цела недела мина откако од тука за ова прашање поткренав сомнеж и го повикав ЈО, но од таму молк!

Македонија е соочена со Републички Јавен Обвинител, кој што признава и работи по наредби од притвореник, но нема намера да истражи можна злоупотреба на малолетници, ниту пак да одговори дали евентуално украдените компромитирачки снимки за бизнисмен биле резултат на легално или нелегално следење и снимање?

Правниот систем во Република Македонија е колабиран, не постои, постои само алатка за политички пресметки и за рекет. Власта е фатена во најголемиот криминал, рекетирање и уценување на бизнисмени, власта подготвува уште една тура на криминогени дејствија, а правосудниот систем немо го следи тоа и исполнува желби на државната мафија!

Ова е неподносливо, ова е далеку од демократија, ова е далеку од тоа што Република Македонија може да го издржи. Избори веднаш, а потоа – потоа ќе сноси одговорност секој еден што сторил или дозволил да биде извршен криминал“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски