(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Спасовски го партизира и приватизира МВР создавајќи сопствен октопод

Од:

„Додека Оливер Спасовски им замачкува очи на граѓаните со наводен ветинг, го партизира и приватизира МВР, поставувајќи на клучни позиции негови блиски луѓе и партиски функционери, создавајќи сопствен октопод.

Октоподот на Спасовски во МВР е составен од луѓе кои може да ги контролира, бидејќи на истите им овозможува вработување на роднини во МВР кои ги креираат пипците на октоподот односно на октопод системот чија глава е самиот Спасовски.

За да го обезбеди овој систем, функцијата да го води ветингот му ја довери на Никола Дујовски, за чија сопруга, Спасовски одбегнува да одговори дали ја вработил во МВР под кои услови ја вработил и на кое работно место“, рече Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Но, да почнеме од почеток, Спасовски успеа да ги згрижи партиските кадри, па на позиција инспектор во СВР Куманово, ја вработил сопругата на секретарот на СДСМ Куманово, Даниела Илиевска. Работно место во МВР добива и синот на Стојанче Величковиќ, којшто е поставен за командир на СВР Куманово.

Спасовски ги вработува и роднините на неговите членови на кабинет. Па така братот на неговиот советник Митко Бојмацалев, го вработува како инспектор во Куманово. Синот на советникот во неговиот кабинет Љубиша Ристовски, го вработува како полицаец. Истото го направил и за внукот на Мирче Станчевски.

Откоподот на Спасовски се шири и кон луѓето од бизнис секторот коишто блиски до него, како Игор Стефановиќ, сопственик на Оли травел, чиј брат е вработен исто така во СВР Куманово.

Додека Спасовски создава октопод од негови блиски луѓе на позиции, млади луѓе се бодат по автобуси и ги губат своите животи, а истовремено полицијата за жал ништо не презема.

Безбедноста е нарушена и повеќе никој не се чувствува сигурно во државава. Имаме еден куп убиства коишто се нерасчистени, криминалци има на секаде, а полиција буквално спие.

Скоро една година помина од тројното убиство на Рузвелтова, а се уште МВР нема процесуирано ништо.

Спасовски наместо да ги штити граѓаните и да го гарантира јавниот ред и мир создава октоподи за сопствените потреби.

Господине Спасовски, МВР не е ваша сопственост. Се покажавте крајно некадарен за да ја извршувате работата за која што земате плата од граѓаните на Република Македонија. Време е заедно со Зоран Заев двајцата да заминете во историјата на македонската политичка сцена“, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски