Македонски планинар загина на Олимп

Од:

Планинар од Северна Македонија го загуби животот на планината Олимп во Грција, откако паднал во провалија, веројатно затоа што претходно му се слошило.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, станува збор за група од околу девет македонски државјани, кои планинареле на Олимп, на мажот или му се слошило или добил срцев удар по што паднал во провалија, а обдукцијата дополнително ќе ги утврди точните причини за смртта.

Телото од провалијата, најверојатно го извлекле планинарите кои биле заедно со него.

Во пренесувањето на телото од местото на несреќата во планинарскиот дом „Спилиос Агапитос“, што се наоѓа на надморска височина од 2.100 метри интервенирале 14 пожарникари припадници и на специјалната спасувачка единица и на противпожарната служба од Литохоро.

Би можело да ве интересира

Велешанка ги оставила петте малолетни деца и заминала за Скопје

10-годишно девојче повредено од заталкан куршум во Глумово

Малолетник направил хаос, со автомобил удрил пешак кој се бори за живот

Тепачка за паркинг на гробиштата во Ѓорче Петров

Катерина Ѓуровски

Еден загинат, двајца тешко повредени во три сообраќајни несреќи

Катерина Ѓуровски

Скопјнец пикнал малолетник во багажник за да му каже кој му го удирал возилото со снежни топки