Голем шумски пожар над селото Колибари, кичевско

Од:

Во моментов во село Колибари, кичевско беснее голем шумски пожар во атарот на селото. Месната заедница од оваа село излезе со апел до селаните особено младите да се приклучат во гаснењето на овој пожар.

-Противпожарната единица од Кичево веќе е на терен и заедно со месното население се борат огнот да го стават под контрола. Тешкотија преставува непристапниот терен, а таму веќе се и преставниците на шумското претприатие „Лопушник”, преставници на Дитекцијата за заштита и спасување и преставници на локалната самоуправа. Во прв план ни е да ги заштитиме куќите и да се стави пожарот под контрола, информира Дарко Гргоски од ППТЕ- Кичево.

Според него се очекува наскоро да интервенираат и авионите за гаснење на пожарот.

Би можело да ве интересира

Јовановски: Сите оние коишто се уште се двоумат, нека размислат уште еднаш

А1он

(ВИДЕО) Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух

„Анима Мунди“ со обвинување до градоначалникот Фатмир Дехари за 40 убиени кучиња во Кичево

А1он

18-годишно момче со автомобил усмрти пензионер, па избега од местото на нсреќата

Фатмир Дехари ќе се бори за уште еден градоначалнички мандат во Кичево

Горан Наумовски

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Катерина Ѓуровски