(ВИДЕО) Шеќеринска: На 24 март чувајте го Охрид

Од:

Изборите на 24. март се значајни за охриѓани за да си ја зачуваат слободата, рече Радмила Шеќеринска која беше во обиколка на Охрид и Охридско. Според неа тешко се живее во општина кога власта е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и на локално и на централно ниво.

„Луѓето се плашат, молчат, не ја говорат вистината. На 24. март чувајте го Охрид, но на 24. март мора да помогнеме сите за да ја спасиме и Македонија. На 24. март ја отвoраме вратата за промени во Македонија и за предвремени парламентарни избори во кои оваа власт ќе ја изгуби довербата. Тоа е двојна игра и двоен ќар кој мора да го извадиме уште на 24 март. Денес во Македонија секој трет човек е сиромашен, а секој човек е задолжен. Ако мислите дека не сте зеле кредит па може мирно да спиете, немојте, оти Груевски и за вас зел кредит кој ќе го враќаат и синовите и ќерките и внуците неродени“, рече Шеќеринска.

Во последните три месеци според Шекеринска владата се задолжила за нови 1 милијарда и 200 милиони евра.

DSC05121

Тие пари се да ги вратат и старите долгови но и да направат нешто што ќе заврши во рацете на неколкумина околу нив и во фамилијата. Секое семејство денес должи нови 2000 евра за да може тие да трошат. Затоа ние на 24. декември на тоа ставивиме точка и рековме дека нема да молчиме и да се согласуваме со таквото неодговорно трошење и владеење и затоа не исфрлија на улица.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?