Тачи од Челопек: Пораз на ДУИ значи подобар живот за Албанците

Од:

Лоша инфраструктура и недоволно образование во местата каде што живеат Албанците е резултатот од четиригодишното владеење на сите градоначалници на ДУИ, истакна лидерот на ДПА Мендух Тачи на вечерашниот митинг во Челопек, во општината Брвеница, и вети дека кандидатот на неговата партија ќе овозможи подобар живот за Албанците.

– ДПА има кандидати кои се способни за локално менаџирање. Сите кандидати имаат големо искуство и ќе ја подобрат инфраструктурата и образованието каде живеат Албанците. Кога доаѓав наваму видов катстрофални патишта и неизградени јавни објекти и сето тоа заради катастрофалната политика која ДУИ ја води на локално ниво. Ние на овие избори имаме професионални кадри за градоначалници, знаеме да работиме, а не како ДУИ да организираме протести каде се тепаат Албанци, се со цел да се покрие неуспехот, рече Тачи.

Кандидатот за градоначалник на Брвеница Бејтула Касами истакна дека овие избори се голема можност за подобрување на условите во општината.

– Досегашниот градоначалник и кандидат на ДУИ за уште еден мандат нема реализирано ништо. Ги остави училиштата запуштени, нема канализациска мрежа, а не се случува ништо ниту на спортски, ниту на културен план. Јас ќе ги активирам згаснатите културни здруженија, ќе изградам сала и нови учулишни објекти. Ќе се залагам за професионална администрација која ќе овозможи полесно отворање нови бизниси, рече тој.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме