Американското Министерство за финансии соопшти дека вовело санкции против три севернокорејски хакерски групи кои наводно биле вмешани во напади и учествувале во нападот за откуп на средства и хакирање на меѓународни банки и сметки на клиенти.
Санкции се воведени против Лазарус груп, Блунорф и Андариел кои, како што наведува американското Министерство за финансии, ги контролира РГБ, севернокорејско разузнавачко биро, кое е веќе под санкции на САД и ОН.
Блокирани се сите средства на групите и забранета е работа со нив.