ДОМ ги промовира носителите на листите за советници

Од:

На денот на седумгодишнината од формирањето Демократската обнова на Македонија (ДОМ) ги промовира носителите на листите за советници.

Под мотото „Избери зелено, диши слободно“ ДОМ со советнички листи ќе се трка во 41 општина и уште една за Град Скопје.

Зелената програма на ДОМ е базирана врз четири приоритети: зелени општини за здрав живот, зелена економија преку зелени работни места во која примарен е туризмот, социјална правда и еднакви можности за сите и четвртиот толеранција, разум и соработка како основа за развој на демократијата.

– ДОМ има јасна цел. Тежнееме кон зелена Македонија, кон Европска Македонија, Македонија наш дом, дом за сите. ДОМ е на првата линија од фронтот за здрава животна средина, против бизниси и практики што ја загрозуваат и неа и здравјето на луѓето. Ниедно вработување не вреди ако ги разболува луѓето, затоа ДОМ тврди дека на Македонија и треба зелена револуција која ќе почне во умот, а ќе заврши во природата, рече претседателката на ДОМ Лилјана Поповска на вечерашната конвенција.

Носителот на листата за Град Скопје, Денко Скаловски потсети дека ДОМ е партија која се залага за толеранција и почитување на различностите.

– Република Македонија е мултиеничко и мултикултурно општество, а тоа значи одговорност на секој социјален субјект. Што значи доколку не победат разумот, толеранцијата и соработката тогаш нема да победи никој, а ќе загубиме сите, рече меѓудругото Скаловски.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме