Грција: Судири на протестот за рудникот за злато

Од:

Жители на селото Иерисоса, во северна Грција денес се судрија со полицијата во текот на протестите, поради плановите на канадската компанија за експлоатација на рудникот за злато, во тоа подрачје.

Тие поставиле барикади на влезот во селото, палеле гуми за да ја спречат полицијата да влезе, која подоцна им испука солзавец.

Поранешниот градоначалник Михалис Влагоплусос изјави дека солзавецот бил фрлен внатре во селото, вклучувајќи го и дворот на училиштето.

Во судирот двајца полицијаци се полесно повредени.

Грчката влада смета дека инвестициите во рудникот за злато се потребни, бидејќи ќе обезбедат нови работни места, во екот на економската криза која што ја зафати државата.

Локалните активисти изјави дека рудникот ќе ја уништи животната средина, во туристичко развиеното подрачје и ќе ги остави фармерите без работа.

Владата тврди дека воведе строги стандарди кога станува збор за заштита на животната средина во поглед на проектот на експлоатација.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит