Косово: 20 месеци затвор за лицето кое му се закани на Харадинај во име на ИД

Од:

Специјалното одделение на Основниот суд во Приштина го осуди на 20 месеци затвор лицето Бледар Елшани, обвинет за кривичните дела „поттикнување за вршење терористички дејствија“ и „неовластено поседување оружје“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Елшани на почетокот на годинава беше обвинет поради објавување на Фејсбук слики со заканувачка содржина упатена кон премиерот Рамуш Харадинај, како и за вршење пропаганда за терористичката организација ИД.

Како администратор на страница на Фејсбук, Елшани во текот на минатата година објавувал фотографии и видеа со кои се велича исламистичката терористичка организација, додека на 10 јануари годинава објавил слика на маскирано лице со знамето на ИД во позадина, кое му се заканува на Харадинај со пораката „Ќе ви дојде крајот албански безбожници“.

Освен тоа, при приведувањето на 11 јануари годинава во градот Глоговац, како што објави полицијата, кај него е пронајден борбен нож прикладен за предизвикување телесни рани.

Откако на вчерашното рочиште ја призна вината за двете кривични дела и се покаја, приштинскиот суд денеска го осуди Елшани на 18 месеци затвор за поттикнување терористички дејствија и четири месеци за неовластено поседување оружје, по што му е изречена единствена казна од 20 месеци затвор. Во оваа казна му се смета времето поминато во притвор од 11 јануари 2019 година.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска