Две малолетни момчиња попладнево фрлиле солзавец во приватниот автобус со број 45, а во инцидентот е повредено 16-годишно девојче.
Инцидентот кој го предизвикале малолетниците се случил кога автобусот се наоѓал на улицата Благоја Стевковски, спроти бензинската пумпа „Макпетрол“.
На повредената девојка веднаш и била укажана лекарска помош по што била пуштена на домашно лекување, а малолетниците биле однесени на распит во полициската станица Гази Баба.