Бабиш: Не гледам зошто Чешка би го повлекла признавањето на Косово

Од:

Премиерот на Чешка Андреј Бабиш денеска во Прага изјави дека не гледа причина зошто неговата земја би го повлекла признавањето на Косово.

Бабиш го изјави ова на заедничката прес-конференција со премиерите на земјите од Вишеградската група, коментирајќи ја најавата на чешкиот претседател Милош Земан дека тоа прашање ќе го постави за еден месец, на средбата на уставните власти во Прага.

– Изјавата и мислењето на Земан не е ништо ново, рече Бабиш, истакнувајќи дека претседателот на Чешка тоа го кажува уште од 2013 година.

– Дефинитивно ќе разговараме за тоа, иако не гледам причина зошто Чешка би го сменила својот став за ова прашање, рече Бабиш.

Чешкиот претседател Милош Земан вчера во Белград изјави дека за еден месец, на состанокот на уставните власти во Прага, ќе го постави прашањето за тоадали е можно да се повлече признавањето на независноста на Косово.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина