(ВИДЕО) Костадинов: Мицкоски брани криминал и ја поткопува истрагата за „Рекет“

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се загубија во посветеноста да ги одбранат криминалите на режимот и нивните тајкуните.

Покрај тоа што мавташе со наводни документи за искази и вештачења, во вчерашната изјава, Христијан Мицкоски случајно или не призна дека ВМРО-ДПМНЕ има материјали од предистражни дејствија односно материјали од нелегално следење на комуникациите.

Поседување на изјави од предистражни дејствија и наредби од истрага е кривично дело, а оној што ги споделил таквите документи не може да биде свиркач туку вршител на кривично дело.

Манипулациите со вакви документи пак ја поткпува истрагата и целиот процес за случајот Рекет“, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Стана совршено јасно кој ги лиферува доверливите материјали на медиумите со цел да влијае врз истрагата или да ја насочи во погрешен правец.

Христијан Мицкоски ги покажа неговите вистинските намери, да работи против правната држава, да ги кочи процесите и да го загрозат датумот за почеток на преговори со ЕУ.

Овие јалови обиди на Мицкоски да се попречи правдата и да се спасат криминалците од одговорност, со сигурност, пропаѓаат.

Со преземањето на предметите од страна на Јавното обвинителство, целосно е обезбедена иднината на сите случаи на СЈО со цел тие да имаат своја разрешница во системот на јавното обвинителство и судството. Сите предмети, сите истраги и предистраги продолжуваат во целосна независна надлежност на државното јавно обвинителство.

Сите отворени истраги и судски случаи ќе се расчистат до крај и секој за кого ќе се докаже вмешаност во криминал ќе одговара за своите постапки. Пропадна и неговиот блеф за наводно барање предвремени избори за кои се покажа дека Мицкоски не сака да се случат.

ВМРО-ДПМНЕ е најголемата штета за Северна Македонија на патот до правда и на патот до Европската унија. Ние никогаш нема да отстапиме од заложбите за воспоставување правна држава и владеењето на правото.

Тоа Мицкоски, треба да му го пренесе и на неговиот ментор, побегнатиот криминалец во Будимпешта, Никола Груевски!“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ