Бичиклиски: Во редовиоте на СДСМ има силувач

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со став дека е згрозена од тоа што човек осуден за силување бил поставен на раководна позиција во СДСМ.

„Згрозени сме што СДСМ го промовира Кире Неделковски за свој партиски функционер иако овој човек е правосилно осуден за силување на 15 годишно девојче.

Запрепастени сме од сознанието што СДСМ свесно дозволува еден ваков човек како Неделковски, да се занимава со политика, па уште и да го промовира по спотови, да го вади по митинзи, да ги убедува граѓаните дека е угледен и чесен човек, а тој е осуден за силување“, рече Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него СДСМ многу добро знаела каков човек е Неделковски, каков човек назначуваат во своите органи.

„Невозможно е да незнаеле. Како што објавија медиумите Неделковски извршил обљуба на малолетното девојче уште во 2004 та година, а казната затвор ја издржувал во 2010 година. Уште попоразително е што СДСМ цело време овие денови молчи и не се прознесува за овој случај. Игнорирањето значи порака од СДСМ дека тоа што овој човек силувал не е важно. Тоа не е битно.

Ова е доказ дека СДСМ е падната на најниското морално ниво. Овде повеќе не се работи за една обична партиска пресметка или за политичка битка. Овде се работи за принцпи, за честа на едно девојче, за пораката која СДСМ ја испраќа до сите граѓани, до сите жени, штитејќи еден човек осуден за силување. Тоа е врвот на недостоинството и неморалот што го промовира СДСМ. Со вакви ли кадри СДСМ сака да ја води државата“, праша Бичиклиски.

Од ВМРО-ДПМНЕ ја повикаа СДСМ да се „извини, да не го штити и веднаш да го разреши Кире Неделковски од сите партиски функции во СДСМ“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски