Две илјади евра казна за навреда на судијката Лаличиќ на Фејсбук

Од:

Адвокатот Асмир Алиспајиќ заработи казна од 2.000 евра поради објавен статус на неговиот профил на Фејсбук, во кој пишува „Swarowski судија Софија Лаличиќ дно од судија“.

Решението од скопскиот Кривичен суд тој го објави на Фејсбук. Имено, Алиспајиќ застапувал клиент обвинет за разбојништво,  а како што стои во образложението на судот, тој неколку пати во текот на судењето бил опоменуван за несоодветно однесување.

На 4 септември годинава, тој не се појавил на рочиште за да го застапува својот клиент и не го оправдал отсуството, па судот му доставил на обвинетиот бранител по службена должност. Обвинетиот во меѓувреме изјавил дека се откажува од полномошното на својот адвокат.

Истиот ден, на 4 септември, Алиспајиќ ја објавил содржината за судијката Лаличиќ на својот Фејсбук профил, по што бил казнет со парична казна од 122.990 денари за навреда на судот.

Судијката Лаличиќ во јавноста е позната по објавените аудио снимки на тогашната опозиција, кога се слушаат нејзини разговори со поранешниот шеф човек на УБК, Сашо Мијалков.

Би можело да ве интересира

Случај „Онкологија 2“: Обвинителството тврди за финансиски малверзации и незаконско постапување со терапијата, за одбраната обвинителниот акт е нејасен и незаконит

Димовска: Целиот судски систем се наоѓа пред голем предизвик – судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Притворен е 49-годишен маж од Тетово кој „делеше“ закани на Фејсбук

Горан Наумовски

Определена е мерка притвор за директорот на „Комунална хигиена“

А1он

Пред денешното рочиште се разболе обвинетиот кој со мотор го усмрти скопјанецот Југослав Николовски