А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Обезбедени средства за еколошко греење во домаќинствата и нови зелени површини

by А1он12/09/2019 - 10:30191
Share0

„Владата предводена од СДСМ продолжува во континуитет да работи на изнаоѓање на ефикасни решенија кои имаат за цел подобро справување со проблемот со аерозагадувањето.

Добивај вести на вибер

Во таа насока е и одлуката за пренамена на средствата од Планот за чист воздух со цел да се замени системот на затоплување во болницата во Струмица од нафта на гас, во вредност од 5 милиони денари.

Со тоа, се дозаокружува имплементацијата на првиот План за чист воздух во вредност од 2 милиони евра.

Покрај ова, се прифатија апликациите на сите 19 општини кои аплицираа за замена на опрема на нееколошки системи за греење во домаќинствата, градинките, основните и средни училишта, здравствените и административни објекти, во вкупна вредност од 64 милиони денари“, соопштуваат од СДСМ.

„16 општини ќе бидат поддржани за проектите за енергетската ефикасност со вкупна вредност од 26 милиони денари, додека за 8 општини, вклучително и Градот Скопје определени 11,5 милиони денари, средства за нови површини со урбано зеленило.

2,5 милиони денари се обезбедени за набавка на прочистувачи на воздух за34 училишта.

Наскоро, во општините на Градот Скопје, Тетово, Битола и Кичево, ќе започне доделување на средства за целосна замена на печките на дрва со високо ефикасни инвертер клими.

При тоа, граѓаните во зоните каде загадувањето е најголемо согласно закон, ќе можат да набават инвертер клими, кои покрај еколошкиот начин на загревање истовремено ќе имаат и намалување на трошоците за загревање.

Покрај домаќинствата во постапка за замена на неефикасни извори на затоплување кон еколошки и поекономични се и две полициски станици, во Струмица и во Кочани, каде греењето на нафта се менува со гас, односно со помош на термални пумпи и една градинка во општина Центар каде греењето од нафта преминува на електрична енергија .

СДСМ преку централната и локалната власт кои ги предводи. останува посветено да работи во насока на надминување на долгогодишниот проблем со аерозагадувањето во цела држава.

Реализираме мерки и политики што обезбедуваат почист возхдуз, здрава животна средина и квалитетни услови за живот за сите граѓани“, се вели во соопштението на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Катерина Ѓуровски30/04/2026 - 13:09

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски30/04/2026 - 12:37

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Горан Наумовски29/04/2026 - 13:26

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

Горан Наумовски29/04/2026 - 13:18

(ВИДЕО) Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски29/04/2026 - 12:5429/04/2026 - 12:57

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски28/04/2026 - 11:4528/04/2026 - 12:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто