Во пресрет на последните подготовки за Самитот на Алијансата, во Чикаго се одржуваат големи демонстрации. Дел од демонстрантите се одвоија од собирот за да тргнат во протестен марш низ Чикаго.
Со провокации кон насобраните полицајци и остри критики кон моќните држави, тие го изразија својот револт од, како што велат, политиката на водење војни која заради профит, ја носи планетата и човештвото кон пропаст.
И членовите на Националното здружение на медицинските сестри им се придружија на припадниците на движењето „Окупирај“, на синдикатите и на ветераните барајќи како што велат„Робин Худ“ данок за банкарските финансиски трансакции.
Својата поддршка за движењето ја даде и гитаристот од бендот „Рејџ агенст машин“ Том Морело, кој имаше и свој настап на собирот.
Нови демонстрации се најавени за утре. Според некои најави бројката на демонстрантите може да достигне и до 100 000 лица.