(ВИДЕО) Костадинов: Мицкоски е подготвен да ја загрози иднината во ЕУ и НАТО, само за да го спаси Груевски

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски уште еднаш покажаа дека нивна единствена цел е да го спасат криминалот на режимот на Никола Груевски. На сите веќе ни е јасно – Мицкоски не го интересира владењеето на правото и нашата интеграција во ЕУ и Нато. Тој има само една јасна задача- да ги штити Груевски, Мијалков и тајкуните на единаесетгодишниот диктаторски режим, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ на денешната прес-конференција.

„Мицковски е подготвен да ги загрози преговорите со ЕУ, да ја жртвува иднината во НАТО и иднината на своите сограѓани, само за да го спаси неговиот ментор Никола Груевски.

Фокусот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се сведува само на едно: запирање и уништување на предметите на СЈО во кои главни обвинети и осoмничени се функционери од белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ.

Малку им беше што од 2006-2016 дрско ја партизираа државата и судството, манипулираа со граѓаните со закани и уцени, сега сакаат и нивен партиски обвинител чија главна улога ќе биде да го амнестира деценискиот криминал и расипништво.

Тој има само една јасна задача, да ги штити Груевски, Мијалков и тајкуните на 11 годишниот диктаторски режим.

Мицкоски е подготвен да ги загрози преговорите со ЕУ, да ја жртвува иднината во НАТО и иднината на своите граѓани, само за да го спаси неговиот ментор, побегнатиот криминалец во Будимпешта, Никола Груевски.

Но, да бидеме искрени и да бидеме реални, дури и барањето за предвремени избори е обична фарса со која Мицкоски сака да сокрие дека членството на ВМРО-ДПМНЕ се жртвува за да се избришат обвиненијата за „Талир” „Тврдина“ „Таргет“ „Империја“ „Империја 2“.

Ние граѓаните не смееме да дозволиме нашата сигурна иднина да биде во заложништво на азилантот кој од Будимпешта му дава инструкции на едократниот Мицкоски.

Со вчерашното преземање на предметите од страна на Јавното обвинителство, целосно е обезбедена иднината на сите случаи на СЈО со цел тие да имаат своја разрешница во системот на јавното обвинителство и судство.

Сите предмети, сите истраги и предистраги продолжуваат во целосна независна надлежност на државното јавно обвинителство.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе одговараат пред граѓаните за загрозување на правдата, за попречување на реформите и за загрозување на европскиот пат на нашата земја.

Повеќе од две години како опозициска партија и 11 години претходно како режимска власт, ВМРО-ДПМНЕ е најголемата штета за Северна Македонија на патот до правда и до Европската унија.

Мицкоски, ние никогаш нема да отстапиме од заложбите за воспоставување правна држава.

Тоа Мицкоски, треба да му го пренесе и на неговиот ментор, Никола Груевски!

Ве уверувам, ве уверуваме дека во Република Северна Македонија ќе има правда, секој кој што се огрешил пред законите, ќе одговара.“, наведе Костадинов.

Би можело да ве интересира

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он

СДСМ: Во нас работниците имаат искрен партнер и сојузник

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он