ВМРО-ДПМНЕ побара разрешување на Јанева на денешната пленарна седница, пратениците го одбија предлогот

Од:

Разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска на пленарна седница во Собранието побара пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски со образложение дека предлог одлуката е едногласно изгласана од сите пратеници и од сите пратенички групи на Комисијата за прашања на изборите и имнувањата што се одржа на 5 септември и поради фактот дека оваа седница е последна во законскиот рок за истекување на мандатот на обвинителката. Предлогот беше одбиен, а Мицевски побара пауза од еден час.

-Предлогот за денешното разрешување на Јанева е за да се остави простор до 15 септември да се избере нов специјален обвинител, истакна Мицевски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека е точно оти Комисијата расправала по извештајот на Советот на ЈО и дека Собранието добило предлог за разрешување на специјалната јавна обвинителка.

-Во сите досегашни координации и усогласувања на политичките партии, посебно четирите поголеми политички партии, се усогласивме дека за ова прашање треба да има посебна седница и во тој контекст и од таа причина не е ставена како точка на дневен ред, појасни Џафери.

Пратениците го одбија предлогот за разрешувањето на Јанева да се распарава на денешната седница, при што пратеникот Мицески уште еднаш појасни дека причината за барањето за разрешување е тоа што денешната седница е последна во законскиот рок за разрешувањето на обвинителката, а тоа е 15 септември.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Многу скоро ќе ја видиме Јанева како оди по емисии на владините медиуми, по поткасти и по порталите од кујните на ДПМНЕ

Јанева е на условен отпуст, го напушти казнено-поправниот дом „Идризово“

Горан Наумовски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница