Апелација им ги потврди казните на напаѓачите на Зијадин Села

Од:

Скопска Апелација им ги потврди затворските казни на осудените за нападот на Зијадин Села во Собранието, потврдија од судот за „А1он“. Tие по добивањето на пресудата треба да добијат упатен акт за да одат во затвор од судија за извршување санкции.

Судијката од Основниот суд Скопје 1, Славица Андреевска, лани обвинетите ги огласи за виновни бидејќи со умисла се обиделе го убијат пратеникот Зијадин Села.

Според пресудата, најголема казна од 13,6 години доби Никола Војминовски, а Кире Георгиевски и Александар Јаневски-Тошта добија по 13 години затвор. По десет години и шест месеци затворски казни добија Андреј Мицов, Николче Димитриевски, Оливер Ошавковски и Коста Делов.

Никола Војминовски, кој се наоѓаше во куќен притвор до правосилноста на пресудата, избега и сè уште е недостапен за органите на прогоот.

За обидот за убиство на Села првично беа обвинети 10 луѓе, но Сашо Сенков беше ослободен од обвинение, а обвинението за Стојан Павлевски и Цејо Ѓорѓиевски беше преиначено во насилство, па по признавањето вина, беа осудени на три, односно една година и два месеца затвор.

Би можело да ве интересира

Крилото на Села ја спори легитимноста на конгресот на Таравари

Села: Не сум против носење на Законот за правична застапеност

Села: Скандалозна е вчерашната одлука на Уставниот суд во врска со „балансерот“

Горан Наумовски

Села: Ново уредување на уставниот поредок една од темите на Централното претседателство на АА

Таравари му одговори на Села: Седна во скутот на Ахмети

ВЛЕН: Добро е што Европскиот фронт сфати дека е опозиција, достоинствено ќе ги претставуваме сите Албанци

Катерина Ѓуровски