Верушевски редовно доаѓа на работа во Владата и зема плата

Од:

По три дена и по неколку дополнителни телефонски повици откако „А1он“ ја праша Владата дали поканата од судот за сведочење во предметот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“ му е доставена на ексразузнавачот и советник на премиерот, Зоран Верушевски, добивме одговор дека службите немале должност да им ги доставуваат пратките лично на примателите.

„А1он“ постави прашање дали поканата за сведок од кривичниот суд во Скопје за Зоран Верушевски, адресирана најпрвин до Владата и примена со архивски број, му е доставена лично, но конкретен одговор не добивме.

Од Владата само ја појаснија процедурата на примопредавање на пратките: „Поштенските пратки адресирани до вработените во Владата не се проверуваат содржински од страна на вработените во архивата. Архивата ги доставува поштенските пратки до кабинетите и канцелариите на вработените. Притоа, архивските служби немаат должност да ги доставуваат пратките лично на рака на примателот“.

Не добивме прецизен податок дали Верушевски во јули и август се појавил во Владата, туку само општа констатација дека редовно ги извршува работните обврски.

„Советникот за национална безбедност редовно ги извршува сите обврски кои произлегуваат од неговиот професионален работен ангажман во Владата. Висината на плата на сите вработени лица во Владата е утврдена согласно Законот за плати“, oдговорија од Владата за „А1он“.

Судот направи обид да го најде Верушевски на работното место во Владата, како национален советник на премиерот Зоран Заев за безбедност. Во Владата ја примиле поканата, но нема доказ дека тој сведокот Верушевски лично ја примил.

Од СЈО на последното судско рочиште кажаа дека немаат податок дека Верушевски ја сменил адресата. За следното рочиште на 23 септември судот повторно ќе направи обид да го пронајде.

Би можело да ве интересира

Ристовска: Повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, што е директна последица на измените на КЗ

Мијалков нема да одговара за нелегалното прислушување, застаре делото за „Таргет-Тврдина“

Рочиштето за масовното прислушување одложенo поради законските измени, Мијалков се спасува од делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески

Повторената постапка за „Таргет-Тврдина“ одложена за утре

Амбасадата на САД го следи ослободувањето на Мијалков: Без оглед на судските одлуки, остануваат санкциите

Кристијан Ландов

Судскиот мониторинг покажува: Многу веројатно предметот за прислушкувањето и Мијалков да застари

Кристијан Ландов